Петта година по ред, придружете ни се на единствениот FMCG Summit во Скопје - ексклузивно случување во трговскиот сектор во Македонија!
На 16 мај, магазинот InStore ја организира најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка.Тука ќе слушнете врвни експерти, впечатливи презентации и големи идеи. Драгоцени искуства ќе споделат водечки светски и регионални играчи на динамичниот FMCG-пазар. Нашата главна цел е сите учесници на самитот со себе да понесат барем една нова визија за својот бизнис или да создадат барем едно ново деловно партнерство.
FMCG Summit во Скопје секоја година го посетуваат повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Успешно воспоставената синергија во регионалното работење на магазинот InStore се рефлектира и на досега одржаните самити во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија. Доколку се соберат сите реализирани FMCG и маркетинг-самити, доаѓаме до значителни бројки:
5
држави
30
самити
11.650
посетители
750
спонзори
328
говорници
И годинава магазинот InStore подготви богата програма со содржини. Ви нудиме домашни и регионални приказни за подобрување на вашиот бизнис во трговскиот сектор, истражувања, размена на идеи, инспирација и дружење, со фокус на темите што во моментов се актуелни:
Состојба, прогноза и реален потенцијал на македонската FMCG-индустрија
Предизвици и предности за малопродажбата во ЕУ
Програма за континуирана обука на вработените
Бизнис-планирање и стратегија за развој и пристап на пазарот
Редефинирање на ценовната еластичност
Мерчендајзинг - in-house или outsoursing
... и многу повеќе.
FMCG Summit Скопје 2019 ќе се одржи на 16 мај, на истата локација, во хотелот „Александар палас“. Бидете таму!
Во организација на:
Од најеминентните имиња меѓу клиентите и соработниците што магазинот InStore со текот на годините ги собра околу себе, на FMCG самитот оваа година свои презентации ќе имаат:
Метју Браун е сопственик на лондонската креативна агенција „Ехочембер“, која од основањето во 1999 година, ги следи иновациите на светските трговски пазари и еволуцијата на потрошувачките трендови. Редовно е главен говорник на глобалните конференции за малопродажба, вклучувајќи го и гостувањето на саемот „Ануга“.
„Ехочембер“ укажува на глобалните примери на добра практика и нуди креативна анализа за трговците, помагајќи им да развијат или да се приспособат на светските стандарди врз основа на најзначајните потрошувачки трендови.
Агенцијата, на чело со сопственикот, соработува со трговци, како што се „Вестфилд“, „Маркс & Спенсер“ и „Теско“ повеќе од 10 години, помагајќи им да развијат нови концепти и да бидат информирани за актуелните иновации во секторот. Меѓу клиентите на агенцијата се и компании како „Најк“ и „Икеа“, како и гигантите од секторот стоки за широка потрошувачка – „Унилевер“, „Џонсон & Џонсон“, потоа глобални синџири на трговски центри и други.
FMCG Summit Скопје 2019: Дали потрошувачот е центар на ВАШЕТО работење? Купувачите денес се пософистицирани од порано, но и бараат многу повеќе од процесот на купување. На кој начин ги развивате своите малопродажни деловни стратегии и тактики, за да ги задоволите купувачите? Во својата презентација, познатиот британски футуролог ќе ви ги претстави трендовите во малопродажбата во светот. Преку одлична презентација на досегашните искуства, Браун ќе ја прикаже визуелната и услужната трансформација на трговците - што сè прават за да ги задржат купувачите?
Основач и директор на „Гилберт центар груп“, Србија
Драгиша Ристовски има повеќе од 25 години практично искуство на различни позиции, од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за деловни вештини почнал да работи пред повеќе од 15 години, а денес неговата експертиза е за директна продажба, преговарање, мотивација и лидерство на вработените. Тој е автор на 15 книги, меѓу кои и бестселерот „Губат само оние што не играат“. Работи како постојан советник за продажба за повеќе реномирани компании низ целиот регион. Досега има основано 3 академии, една за комерцијални комуникации, за менаџерски вештини и минатата година ја основа Академијата за бизнис-знаење и вештини. Драгиша е еден од основачите на системот Lyceum, кој создаде иновативна софтверска апликација која содржи единствен систем за мерење на компетенциите на вработените во продажбата и продажниот менаџмент. Покрај академиите, креатор е на 11 други програми за образование за бизнис-вештини, а досега има одржано повеќе од 3.000 обуки, семинари и предавања во сите земји од поранешна Југославија, каде што учествувале повеќе од 60.000 луѓе.
Генерален директор на „Орбико“ - Македонија
Никола Бароли е роден и израснат во Белград. По своето школување во Америка и во Србија почнува кариера во компанијата „Проктер & Гембел“ во Романија, а потоа и во Босна и Херцеговина и во Србија каде што работел на развојот на логистички процес на дистрибутерите. По 4 години преминува во шведската козметичка компанија за директна продажба „Орифлејм“, каде што по 8 години работа како оперативен менаџер ја презема позицијата генерален директор за Србија и за сите други пазари во земјите од поранешна Југославија и се задржува 7 години. Од 2017 година ѝ се приклучува на водечката дистрибутивна компанија во Европа - „Орбико“, каде што работи како генерален директор на компанијата во Македонија. Бароли во својата секојдневна работа се води од тезата: „Луѓето се најголемо богатство на секоја компанија“ и континуирано работи на развојот и мотивацијата на своите тимови и давањето можност тие да покажат што знаат и умеат.
Сопственик и генерален директор на „Промо фил“, Словенија и Хрватска
Патрик Зупанчич има повеќе од 25 години искуство во продажба, од кои 11 години на водечки позиции во продажба и комерција во мултинационалната компанија „Рекит Бенкисер адриатик“, во која спаѓаат светските брендови Finish, Vanish, Airwick, Cillit, Durex, Scholl, Strepsils и други. Две години бил директор на регионалниот синџир на продавници „Спортина Словенија“, за малопродажба и трговија на големо на модни брендови Armani, Boss, Tom Tailor, Esprit, Jack&Jones, Vero moda, Tally Weijl, Orsay, Bata. Потоа работи како Sales Manager за компанијата Coca-Cola HBC Slovenija. Од 2010 година тој е основач на агенцијата PROMO.FIL во Словенија и Хрватска, за унапредување на продажбата, merchandising, промоција и field monitoring.
Економски новинар
Горан Теменугов со економија се занимава речиси 25 години. Својата кариера ја почнува во 1995 година во Македонската радио-телевизија каде што се задржува 4 години. Во 1999 година преминува во телевизијата „Канал 5“ и до 2001 работи како економски новинар за информативната редакција. Од 2001 до 2002 година работи на економски и политички вести и интервјуа за „Македонија денес“. Во 2003 година се враќа во МРТВ каде што работи во економската редакција, а од 2007 година до денес работи во „Алсат“. Во кариерата, освен прилози и емисии од областа на економијата, има и голем број интервјуа со гувернери на НБРМ, министри од областа на економијата и финансиите. Во текот на работењето ги следи процесите со стечаите на државните големи загубари, политиките на ММФ и СБ, како и енергетскиот сектор во Македонија.
Основач и извршен менаџер на „Инсајдер ИД“
Сергеј Зафироски е основач и извршен менаџер на „Инсајдер ИД“, агенција специјализирана за квантитативни бизнис-истражувања и напредна бизнис-аналитика. Професионалната кариера ја почнува во 2007 година во продажба на производи за широка потрошувачка и продолжува на неколку различни позиции во продажба и бизнис-аналитика сè до 2013 кога ја ребрендира компанијата во агенција за истражување. Од декември 2018 е и генерален менаџер на МИТ – Економски факултет. Фокусот на неговите активности, приватни и деловни, е насочен кон креирање применливи математички модели на одлучување и аналитика на податоци. Особен интерес има за профилирање на потрошувачи и влијанието на цената при носење одлука за купување. Крајната цел на сите активности е креирање систем за менаџерско управување на компаниите преку употреба на напредни квантитативни техники на одлучување.
Генерален директор на "Саманта"
Сања Михаиловска е магистер по економски науки, во областа на финансискиот менаџмент. Својата професионална кариера во FMCG-секторот ја почнува во 1994 година како финансиски аналитичар. Како резултат на 25-годишната работа, унапредувањето на своите професионални знаења и технички вештини и работењето на различни водечки позиции, таа се стекнува со практично искуство во повеќе области, како производство, продажба и комерција. Во последните 9 години работи во дистрибутивната компанија Саманта ДОО Скопје, од кои последните 5 години како генерален директор. Целосно е посветена на оптимизација и унапредување на организациската структура, процесите, системите и процедурите, односно креирање поефективен и современ дизајн на организацијата како клучен предуслов за развој и пораст на продажбата и подобрување на бизнис резултатите.
Генерален менаџер на „Даути комерц“
Џемаил Даути е истакнат стопанственик, директор и претседател на „Даути комерц“ АД. Роден е во 1962 во Бојане, крај Скопје. Завршува гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Дипломирал како студент на Економскиот факултет во Скопје во 1985 г. насока - макроекономија. Од крајот на студиите, па сè до 1990 година е активен во Собранието на тогашна Социјалистичка Република Македонија како народен пратеник. На почетокот на 1990 година се одлучува за самостоен бизнис, со што ја основа и својата фирма „Даути комерц“. Основач е и почесен претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Како бизнисмен дејствува на просторот во целиот регион. Отсекогаш се залага за постојано модернизирање и високи стандарди во прометот со прехранбена стока. Во бизнисот се труди менаџерските одлуки да ги прави врз основа на детална пазарна анализа и секогаш е подготвен тие резултати да ги сподели со секој што ќе ги смета за корисни. Основач е и на фондацијата „Албис“. Тој и неговата компанија се добитници на низа признанија од областа на бизнисот и општествена одговорност на компаниите. Во 2015 година Царинската управа на Република Македонија му додели признание за долгогодишна успешна соработка, а истата година во Република Франција ја доби и престижната награда на „Европската бизнис-асоцијација“.
Директор на Институт за стратешки решенија, Словенија
Тине Крачун е директор на Институтот за стратешки решенија, консултантска експертска група која ја поддржува и охрабрува меѓународната соработка за поттикнување на одржлив, економски и социјален развој. Под негово водство, Институтот разви неколку методологии, кои им помагаат на меѓународните корпорации да ги следат случувањата, предвидувањата и да развијат решенија за решавање на предизвиците.
Консултант, Србија
Саша Ќириќ e дипломиран економист и својата кариера ја почнува во маркетинг-компанијата Simex group, каде што работел на позиционирање на брендовите Panon, Higlo, Vrenje i ZlatibO2r вода. Од Суботица се сели во Белград, каде што своето искуство го користи за унапредување на брендовите во портфолиото на Фриком. Предизвиците со кои се соочува преку успешното лансирање на нови и унапредување на продажбата на постојните производи, како и низ креирање кампањи кои ја подигнаа вредноста на брендовите на Фриком, значајно придонесоа за развојот на неговата кариера. По 8,5 години поминати на позицијата директор на маркетинг и развој на Фриком, кариерата ја продолжува како самостоен консултант и се занимава со проблематиката на позиционирање на пазарот, развој на нови производи и брендови.
Менаџер на дистрибуција на кондиторските производи „Марс“ за Македонија, Албанија и Косово
Ваневски има 16 години професионално искуство во FMCG секторот, раководејќи многубројни тимови и бизниси на „Вригли“ и „Марс“ во последните 14 години. Својата кариера во „Вригли“ ја почнува на позиција претставник за продажба и понатаму напредува на повеќе менаџерски позиции во рамките на „Вригли“ и „Марс“ (по аквизицијата во 2008 година). Дејан има иницирано и развиено многубројни проекти со клучни клиенти во Македонија, Албанија и Косово. Дејан е активен како предавач на различни програми за продажба и преговарање во рамките на компанијата. Во последните 10 години успешно менаџирал и учествувал во големи проекти и бизнис-случаи поврзани со лансирање нови брендови, создавање проект за „Perfect Store“ и проекти за оптимизација на процесот „route to market” во различни земји од Балканот, Балтикот и Адриатик кластерот (BBA cluster). За најголемо достигнување го смета развојот и порастот на продажбата на „Марс“, на бизнисот и производите во своите три земји, водејќи ги соработниците во компанијата и партнерите (дистрибутивните компании) постојано да се стремат кон извонредност во извршувањена стратегиите за брендовите Mars (Orbit, Snickers, Twix, M&Ms, Airwaves, Skittles…)
Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата, големите бази на податоци и креативноста влијаат на процесите на работење? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот и да се употреби за зголемување на продажбата? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот? Кои се потенцијалите на индустријата и кои потрошувачки трендови ќе ја обликуваат иднината на FMCG-индустријата?
08:00 - 08:45
08:45 - 08:55
Верица Мартиновска, InStore - Македонија
09:00 - 09:25
Џемаил Даути, Генерален менаџер на „Даути комерц“
09:30 - 09:45
Горан Теменугов, Економски новинар
09:50 - 10:15
Тине Крачун, Директор на Институт за стратешки решенија, Словенија
10:20 - 10:40
10:40 - 11:05
Сања Михаиловска, Генерален директор на „Саманта“
11:10 - 11:35
Никола Бароли, Генерален директор на „Орбико“ - Македонија
11:40 - 12:05
Саша Ќириќ, Консултант
12:10 - 12:30
12:30 - 12:55
Сергеј Зафироски, Основач и извршен менаџер на „Инсајдер ИД“
13:00 - 13:25
Патрик Зупанчич, Сопственик и генерален директор на „Промофил“ Словенија и Хрватска
13:30 - 14:30
14:30 - 14:55
Драгиша Ристовски, Основач и директор на „Гилберт центар груп“, Србија
15:00 - 15:25
Дејан Ваневски, Менаџер на дистрибуција на кондиторските производи „Марс“ за Македонија, Албанија и Косово
15:30 - 16:15
Matthew Brown - Футуролог за малопродажба
Спонзорирањето на FMCG самитот е одлична маркетиншка алатка, која го зајакнува имиџот на компанијата спонзор и позицијата на брендот. FMCG самитот на спонзорот му овозможува ненаметлив пристап до целната група, лични познанства, комуникација и размена на идеи, погледи и искуства, организација на настан во настан... и многу други можности што можат да се реализираат во договор со организаторот.
Заокружете го 16 мај во вашите деловни календари и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на настанот на годината!
* Цените се без вклучен ДДВ. Цените се по учесник.
Кликер Маркетинг
ул. Димитар Беровски бр. 9, Скопје
e-mail: info@fmcg-summit.mk
Магазин InStore (ДРП „Кликер маркетинг“)